Радио Милева

Уште не се омажила, а веќе свршеницата на Вељко го промени презимето во Ражнатовиќ

Уште не се омажила, а веќе свршеницата на Вељко го промени презимето во Ражнатовиќ

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ се сериозни во намерата да ја крунисаат сопствената љубов со брак, а свршеницата на боксерот неколку месеци пред свадбата откри кое презиме ќе го користи.

Вељко на својот „Инстаграм“ објави заедничка фотографија со Богдана, а во описот на фотографијата напиша: „Среќни празници од семејството Ражнатовиќ“.

Меѓутоа, Богдана на социјалните мрежи го промени своето презиме. Покрај името не стои Родиќ, туку Ражнатовиќ.