Радио Милева
насилство од љубомора

Уште една српска пејачка претепана: „Невенчаниот сопруг ме претвори во боксерска вреќа“ (ФОТО)

Уште една српска пејачка претепана: „Невенчаниот сопруг ме претвори во боксерска вреќа“ (ФОТО)

Пејачката Емина Гога Терзиќ доживеала, како што вели, вистински пекол заради нејзиниот невенчан сопруг, кој физички ја нападнал и претепал.

Сето тоа кулминирало на 8 јуни 2020, кога, како што тврди таа,  безмилосно ја претепал, па морала да побара лекарска помош во болницата во Нови Пазар, а после тоа и институционална заштита по што му забраниле пристап до неа.

„Како и секоја жена, во обид да ја спасам љубовната врска,  долго време трпев разни видови насилство“ –  го започнува Гога своето признание за „Експрес“.

„Како и да е, колку повеќе страдав, мојот невенчан сопруг стануваше сè похрабар и буквално ме претвори во боксерска вреќа, поради што нашиот понатамошен, заеднички живот ја изгуби сета смисла и значење. Јас сум атрактивна жена и не е ни чудо што моите фанови ме „пржат“ со очи заради убавината со која ме надарила мајката природа. Но, јас никогаш не испратив никому никакви знаци или сигнали дека некој може да ми влезе во срцето. Тоа беше резервирано само за мојот невенчан сопруг“ – изјавила Гога и продолжила:

„Поради работата што ја работам, телефонот често ми sвони. Истото случи и на 8-ми јуни оваа година, кога тој буквално полуде затоа што телефонот постојано ѕвони, па физички ме нападна и почна крвнички да ме тепа со тупаници и клоци по целото тело. На тој начин, тој ја прекина секоја можност двајцата утре повторно да живееме заедно“ – заклучила таа.

Фото: Инстаграм принтскрин/Емина Гога Терзиќ

 

Останати вести од Радио Милева