Радио Милева
на „реприза“ со смртта...

Уште една српска фолк легенда има тежок облик на корона: Како млад буквално го извадиле од гроб, ќе успее ли на 76 години повторно да ја измами смртта? (ФОТО)

Уште една српска фолк легенда има тежок облик на корона: Како млад буквално го извадиле од гроб, ќе успее ли на 76 години повторно да ја измами смртта? (ФОТО)

Легендата на српската народна музика од повозрасната генерација, Миланче Радосављевиќ (76) е заразен со коронавирус и е на кислородна поддршка во болницата на Бежаниска Коса во Белград.

„Се гушев, медицинските сестри ме молеа да земам воздух, да дишам, а јас не можев“-  вели Миланче Радосављевиќ. Јас сум во болница и имам тешка форма на корона. Ме примија како итен случај и мислев дека сум отпишан, сепак, успеав по втор пат да се вратам од мртвите. Што би се рекло, по втор пат му избегав на гробарот од лопата“ – раскажал во телефонскиот разговор фолк легендата.

„Се’ уште сум жив благодарение на лекарите“ – рекол пејачот.

„Имав тешка пневмонија и цело време се гушев. Беше навистина гадно! Бев на работ на смртта и жив сум само благодарение на болничкиот персонал. Тие се максимално посветени на пациентите и ги ризикуваат своите животи за да нè спасат нас“ – раскажал легендарниот пејач, а потоа направил пауза и почнал да кашла:

„Слушате, сè уште се гушам. Затоа ме држат на кислород, без кој не можам да дишам. Повеќе не размислувам дали ќе пеам, туку само дали ќе преживеам. Лекарите ми рекоа дека ја имам најлошата форма на корона, но дека тие ќе сторат сè за да ми помогнат. Велат дека сигурно ќе умрев ако дојдев само еден ден подоцна во болница“ – тврди познатиот српски музичар и фолк пејач од повозрасната генерација.

Фото: Рина.рс

Останати вести од Радио Милева