Радио Милева
злото не бира возраст...

Уште една млада жртва: Почина 25 годишната црномуреста пејачка и манекенка (ФОТО)

Уште една млада жртва: Почина 25 годишната црномуреста пејачка и манекенка (ФОТО)

Пејачката и манекенка Чина Роџерс почина во средата, 8 април 2020 год. на 25-годишна возраст, потврди нејзиниот менаџер, а причината за смртта не е наведена, иако се сомнева дека црномурестата артистка е уште една жртва на коронавирусот.

Роџерс својата манекенска кариера ја започна на 14-годишна возраст кога се потпиша за „Форд Моделс“, по што реши да се проба на полето на музика. Започна да прави рап музика во рамките на познатиот колектив „ASAP Mob“ колектив.

Таа долги години се бореше со и зависноста, а во 2018 година истакна дека  ја победила и не потклекна дури ни во најтешките моменти кога ја загуби мајка си, една година подоцна.

„Мајка ми би била ужасно разочарана ако ја искористив нејзината смрт како изговор за повторно да паднам. Тоа е причина повеќе да се потрудите и никогаш да не се откажувате“ – изјавила пејачката во таа прилика.

Фановите, колегите и соработницитесе збогуваат со 25-годишната раперка на социјалните мрежи, со коментар дека била sвезда која се изгасила премногу брзо.

„Почивај лесно Чина… Ќе ни недостигаш сестро“ – напишаа во пораката за збогум од продуцентската куќа „АСАП МОБ“.

„Почивај во мир Чина… Целата љубов од оние што ги остави зад себе. Збогум ангелу“!

Останати вести од Радио Милева