Радио Милева
наместена?

Уште една „Гранд ѕвезда“ се најде среде скандал откако осамнаа голи снимки на Интернет: Кој и го „смести“ на Азра? (ФОТО)

Уште една „Гранд ѕвезда“ се најде среде скандал откако осамнаа голи снимки на Интернет: Кој и го „смести“ на Азра? (ФОТО)

Дваесетгодишната тузланка Азра Хусаркиќ, која ги воодушеви сите со својот глас и стас во „Ѕвездите на Гранд“, доживеа голем срам откако некој ја хакираше на Фејсбук, па објави видео со гола содржина за која пејачката тврди дека не е нејзина.

Девојката згрозена од овој чин,  јавно се обрати и најави судска постапка и тужба  до сите „кои се занимаваат со нејзиниот живот удирајќи по нејзиниот образ и семејството“.


„Срам да му е на оној кој се занимава со мојот живот и му благодарам што се обиде да го намали мојот углед со лоша монтажа од некоја друга девојка. Но, безуспешно, јас немам силикони во градите, а девојката на снимаката има. Ги извадив силиконите од усните. Вакви снимки не би си допуштила во мојот живот. Дали имате вие мајки, татковци, сестри, браќа… и како би се чувствувале тие кога нивното дете би го третирал некој на овој начин?“ – прашува Азра и продолжува:


„Тукушто го добив оригиналното видео, вистинската снимка е на една девојка од Грција, а постои веќе три години. Некој го вметнал во неа мојот лик. Следува голема тужба и веќе утре ќе откриеме  кој го сторил тоа и ќе одговара за своите постапки. Срам да им е на такви негативци и луѓето што шират вакви вести низ Тузла. Вистината секогаш излегува на виделина, никогаш не можете да ми го извалкате образот“ – порачува и понатаму мошне вознемирената Азра.

Останати вести од Радио Милева