Радио Милева

Уште еден милионски имот на Брена и Боба на продажба – пејачкта има силна причина!

Уште еден милионски имот на Брена и Боба на продажба – пејачкта има силна причина!
фото:инстаграм/лепабрена

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ поседуваат имот во Мајами, а сега почнале да размислуваат да ја продадат недвижнината.

Во куќата која ја имаат во Амрика живееја нивните синови Филип и Стефан Живојиновиќ за време на студиите, додека Виктор заврши училиште во Србија, а со оглед на тоа дека се вратија назад, Брена размислува да ја продаде куќата.

Како што тврди извор близок со семејството, Живојиновиќ одат во Мајами само во лето, така што не е исплатливо да ја поседуваат куќата, особено поради високиот данок, како и новиот американски закон според кој куќите во тој дел на земјата мораат да бидат реновирани, односно изградени од цврст материјал поради честите урагани.

фото:инстаграм/лепабрена

Боба наводно се противи да ја продаде куќата, бидејќи многу сака да оди таму и да ги посетува пријателите. Потсетуваме, Брена и Боба решија да ја продадат луксузната вила на Бежанска коса за 2 милиони евра.

Останати вести од Радио Милева