Радио Милева
решена да стигне до целта

Упорна пејачка: Ја прашаа Елена Миленковска дали повторно би се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“ – еве што одговори (фото)

Упорна пејачка: Ја прашаа Елена Миленковска дали повторно би се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“ – еве што одговори (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/елена миленковска

Македонската пејачка Елена Миленковска на публиката и стана позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу.

Имено, Елена првпат учествуваше во сезоната 2018/2019 година и тогаш беше под менторство на Ана Бекута.

Елена Миленковска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а сега откри какoв ментор е Ана Бекута – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Меѓутоа, пејачката не се пласираше во финалето, па така се пријави следната сезона, но го напушти музичкото шоу бидејќи остана бремена од својот сопруг, исто така учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Гуте Маринковиќ.

Миленковска повторно се пријави во оваа нова сезона 2020/2021 и беше под менторство на Александар Милиќ, но пред самото финале поради недоволен број на гласови, Елена повторно испадна.

фото: принтскрин/инстаграм/елена миленковска

Деновиве, македонската пејачка одговараше на прашања на своите следбеници, а неколку од нив ја прашаа дали планира повторно да се пријави во следната сезона, а нејзиниот одговор беше „да“.

„Дали планираш да се пријавиш повторно во „Ѕвездите на Гранд“?, а таа одговори “да“

 

 

„Дали ќе се пријавиш следната година во „Ѕвездите на Гранд“. Инаку прекрасна си, голем поздрав.

-Би сакала повторно да се пријавам, но здравје. Ви благодарам многу.

Инаку, Миленковска во музичкото шоу го запозна веќе сега својот сопруг Гуте Маринковиќ. Парот по неколку месечна врска во јануари претходната година напраивја свадба, а во јуни 2020 година добија син кој пред неколку дена наполни една година.

Дали пејачката повторно ќе се пријави во „Ѕвездите на Гранд“ кој од септември ќе имаат нов концепт останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева