Радио Милева

Ума Турман на моден настан се појави со ќерката Маја, а бидејќи толку многу личат го собраа целото внимание (фото)

Ума Турман на моден настан се појави со ќерката Маја, а бидејќи толку многу личат го собраа целото внимание (фото)
фото:инстаграм

Ќерката на славната актерка Ума Турман (49) и актерот Итан Хоук (49), Маја Хоук, денес има 21 година и се повеќе личи на нејзината мајка.

Иако Ума во последните години ретко се појавуваше на црвениот килим, таа сега се појави со својата ќерка, која сега е голема девојка, а двете блеснаа на настан чиј домаќин беше модната куќа „Диор“ во Њујорк.

фото:инстаграм

И двете носеа креација на „Диор“- Ума на себе имаше црн фустан со волуменозно ракави, додека Маја носеше и црн цветен фустан со ракави од мрежа.

фото:инстаграм

Сличноста меѓу мајка и ќерка е неверојатна, така што и двете во овие елегантни изданија го украдоа целото внимание на вечерта.

фото:инстаграм

Маја е ќерка на Ума Турман и Итан Хоук, кои се разведоа во 2005 година, а го имаат и синот, Левон. Таа исто така е актерка, што значи дека го наследила својот талент од мама и тато и ги следи нивните чекори.

Останати вести од Радио Милева