Радио Милева

Убавината и гласот не одат секогаш заедно: Вака пее во живо екс-сопругата на Даниел Кајмакоски (видео)

Убавината и гласот не одат секогаш заедно: Вака пее во живо екс-сопругата на Даниел Кајмакоски (видео)
фото:кристина димитриевска/инстаграм

Кристина Димитриевска, манекенка, пејачка во обид и фитнес инструкторка, извесен период е се поактуелна во јавноста поради своите амбиции да биде што попозната на јавната сцена и шоубизнисот.

Неодамна Кристина, која народот најмногу ја препознава како поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, учестуваше на „Мис Глоуб 2019“ кој се одржа во Црна Гора.

фото:кристина димитриевска/инстаграм

Таа оттаму се врати со наградата за мис фотогеничност, а како и сите учеснички на натпреварот за убавина, требаше на сцената да покаже талент кој смета дека го има. Кристина се одлучила да пее, она во што неодамна реши да се докаже на домашната музичка сцена.

Па така, иако болна во тој момент, решила да покаже колку е талентирана. Но, дали како што вели од болеста или едноставно не можеше да го наштима гласот, знае најдобро самата.

Резултатот беше тој дека убавината и гласот не одат заедно, бидејќи таа не освои награда за она што смета дека е најталентирана да го прави.

фото:кристина димитриевска/инстаграм

-Ми беше задоволство да настапам на мис талент. Бев болна, но не се откажав. Станав и го дадов најдоброто од себе во тој момент. Ми беше задоволство да ја претставувам Македонија на „Мис Глоуб“. Ве сакам! –пишува Димитриевска во описот на видеото кое го објави на својот Инстаграм.

Иако како што вели, даде се од себе во тој момент, жирито не ја награди дека нејзиниот најсилен талент е токму пеењето, туку на крајот освои лента за мис фотогеничност.

За потсетување, Кристина Димитриевска заедно со Андреј Миске кон средината на месец септември ја објави својата прва песна насловена „Сакам пак“ заедно со видео спот.

Останати вести од Радио Милева