Радио Милева

Турскиот ерген бил во лажна врска со актерката Гупсе Озај, а други пак шпекулираат дека се венчале во тајност

Турскиот ерген  бил во лажна врска со актерката Гупсе Озај, а други пак шпекулираат дека се венчале во тајност
фото: „televizyongazetesi.com“

Шармантниот, успешен и талентиран турски актер Бариш Ардуч постојано е на мета на фановите и медиумите кои и тоа како се интересираат за неговата приватност.

Но, тој и неговата девојка, актерката Гупсе Озај секогаш се резервирани по тоа прашање. Токму затоа, во турските медиуми постојано се појавуваат непроверени шпекулации за мистериозните љубовници.

Сега, се појавија информации дека Бариш и Гупсе всушност се тајно венчани, а други пак пишуваат дека тие никогаш не ни биле во вистинска врска, туку се’ било само за маркетинг.

Сепак, тие тврдат нешто спротивно од приказните кои кружат.

фото:бариш ардуч/инстаграм

Бариш и Гупсе се во врска од 2014 година, живеат заедно, а сега планираат да се селат во нова вила во Бејкоз која е во сопственост на најпосакуваниот турски ерген. Иако изјавуваа дека наскоро ќе има свадба, истата никако да се случи.

Останати вести од Радио Милева