Радио Милева

Турскиот актер Бурак Озчивит, попознат како Бали Бег, сам се грижи за синот, неговата сопруга е во лоша состојба

Турскиот актер Бурак Озчивит, попознат како Бали Бег, сам се грижи за синот, неговата сопруга е во лоша состојба
фото:бурак озчивит/инсатграм

Популарниот турски актер Бурак Озчивит или попознат како Бали Бег од „Сулејман величенствениот“, поминува низ тежок период, пишуваат турските медиуми.

Имено, на неговата сопруга, актерката,Фахрие Евџан неодамна и починал татко и после неколку годинишна борба со рак на желудник, а таа поради тоа наводно паднала во тешка депресија и не е во состојба да се справи со тагата. Како резултат на тоа, товарот за грижа за нивниот едногодишен син Каран скоро целосно паднал врз Бурак, открил извор близок до сопружниците.

фото:бурак озчивит/инсатграм

„Бурак се обидува да ја убеди да посети психијатар, бидејќи таа е „како билка“ повеќе од две недели. Фахрие речиси не јаде и ретко комуницира со своите најблиски. Бурак мислеше дека неговата сопруга, ќе најде утеха, откако го изгуби својот татко во малиот Каран, но таа помалку поминува време со синот. Бурак последните недели на момчето му е и татко и мајка. Тој дури зема уште неколку дена одмор, па во моментов не е на сетот на костимираната серија Осман, во која тој инаку ја игра главната улога. Тој се надева дека Фахрие наскоро ќе се согласи да оди на психијатар за да и помогне да се врати во нормала“, изјавил изворот.

фото:бурак озчивит/инсатграм

За потсетување, турската актерска двојка го доби синот Каран во април минатата година.