Радио Милева

Тука живее македонската елита, а беше и луксузното гнездо на Боки 13 за кое велеше дека за добар стил не се потребни пари, туку умеење и став! (фото)

Тука живее македонската елита, а беше и луксузното гнездо на Боки 13 за кое велеше дека за добар стил не се потребни пари, туку умеење и став! (фото)
фото:инстаграм/боки13

Аферата „Рекет“ не престанува да ја бранува јавноста, но и социјалните мрежи. Вистинско „цунами“ од твитови, постови, коментари, монтажи, фотографии… се случува Фејсбук, Твитер и Инстаграм…

Тие и понатаму се преплавени со актерите во ферата, оние што се знааат, само насетуваат или се претпоставува и шпекулира дека допрва ќе бидат откриени!

Сега на сите им е добро позната локацијата на Боки 13, односно затворот во Шутка каде останува откако вчера му беше продолжен притворот за нови 30 дена.

Пред да одекне оваа „бомба“ во јавноста, Боки на големо уживаше во раскошот во комплетна смисла.

Неговиот дом се наоѓа во елитен комплекс во скопско Волково каде живее македонската елита.

Боки не криеше да покаже дека се’ што има во огромниот стан е скапоцено до најситен детаљ. Во една прилика на една од фотографиите каде позира во дневниот салон напиша:

-Стилот ви го покажува карактерот…За добар стил не ви се потребни пари, туку умеење и став, го пишуваше Боки рецептот.

Сега откако „манџата загоре“, умеењето и ставот навистина дојдоа на површината.

Инаку, екстериерот од локацијата на неговиот дом е вистински хедонистички рај за оние со длабок џеб или голема чанта.

фото:билд/инстаграм/боки13

Останати вести од Радио Милева