Радио Милева

Трагедија: Американската актерка се удавила пред очите на четиригодишниот син (видео)

Трагедија: Американската актерка се удавила пред очите на четиригодишниот син (видео)
фото:AP

Актерката Наја Ривера се удави пред својот син, кој има само четири години, јавуваат американските медиуми.

Наја (33) изнајмила брод за да отиде на езерото со нејзиниот син Хозе. Детето беше пронајдено само во чамецот и им рече на спасувачите „мајка ми отиде на пливање и не се врати“.

Несреќата се случила на езерото Пиро во националниот парк во близина на Лос Анџелес.

ТМЗ пишува дека на бродот била пронајдена нејзината јакна и дека момчето спиело кога го нашле само на бродот. Хозе сега е безбеден и е однесен кај неговото семејство.

Во својата последна објава на социјалните мрежи Ривера објави фотографија со својот син и напиша: „Само ние двајца…“

 

View this post on Instagram

 

just the two of us

A post shared by Naya Rivera (@nayarivera) on

Останати вести од Радио Милева