Радио Милева
случајна сличност или...?

Тошиќ ја заведуваше, а Карлеуша ја копира Сораја? (ФОТО)

Тошиќ ја заведуваше, а Карлеуша ја копира Сораја? (ФОТО)

Откако одекна како бомба веста дека Сораја Вучелиќ тајно се гледала  со Душко Тошиќ, кој и подарил нараквица во вредност од 60.000 евра, неговата се’ уште законска сопруга Јелена Карлеуша како да почна да се угледува на старлетата.

Српската „скандал малечка“ секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи каде што повеќе од јасно се гледаа дека заинтересирано ги следи животот и работата на поранешната учесничка во “Големиот брат”. Во прилог на тоа, сведочи и последната објаваа на Јелена Карлеуша.

Пејачката споделила фотографија како седната на креветот позира во деколтиран фустан во кој до израз доаѓаат нејзините бујни гради. И ништо не би било чудно доколку наводната, поранешна љубовница на нејзиниот сопруг, неколку дена пред тоа не сподели фотографија на ист начин, дури и во истиот фустан, но со различна боја. Единствената разлика е што Сораја не го врзува  околу вратот.

Следбениците забележаа уште некои сличности.

„Леле, Карлеуша ја симнала Сораја. Мал нос, изразени јаболчници, сини коси очи, мала глава, големи гради, полни усни… сето тоа е заштитен знак на Сораја“ – се само некои од коментарите.