Радио Милева
25.01 е денот кога си роден брате

Toни Цетински не го заборава Тоше Проески: „Беше чест да се живее во твое време“

Toни Цетински не го заборава Тоше Проески: „Беше чест да се живее во твое време“
фото: Томислав Милетиќ

Македонската легенда, македонскиот пејач Тоше Проески денес би полнел 40 години. Тоше е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево.

Тоше важеше за омилен македонски пејач, пејач со ангелски глас кој знаеше се да отпее и беше омилен меѓу своите колеги од цела екс Југославија.

Тој соработуваше и со многу колеги од регионалната музичка сцена.

Хрватската пејачка Антонија Шола беше авторка и на неколку негови песни, а заедно го отпејаа дуетот „Волим осмех твој“.

фото: Горан Јакуш

Антонија вели дека често низ музиката се потсетува на Тоше.

„Не сакам кога луѓето со тага зборуваат за него. Научив дека тоа е нешто со кое човек мора да научи да живее, благодарна сум што имав прилика да го запознам и да се дружам со него. Зрачеше со позитивна енергија и таков ќе го паметам“, вели пејачката за 24сата.хр

Таа во една прилика истакна дека било лесно да го сака бидејќи секогаш бил искрен и сакал да ги вклучи другите во својот успех.

По повод роденденот на Тоше, на социјалните мрежи се огласи и неговиот пријател и колега Тони Цетински со кој ја снимаше песната „Лагала нас мала“.

фото: фејсбук

„25.01. е денот кога си се родил брате. Беше чест да се живее во твое време и да се диши ист зрак, драг наш Тоше. Засекогаш твои“, напиша пејачот.

фото: фб

Потсетуваме, Проески почина во 2007 година на патот за Хрватска кај местото Нова Градишка.

Останати вести од Радио Милева