Радио Милева

„Тој глас…“: Пред 34 години Калиопи имаше улога во легендарен филм -еве ја од тоа време (видео)

„Тој глас…“: Пред 34 години Калиопи имаше улога во легендарен филм -еве ја од тоа време (видео)
фото:калиопи/инстаграм

Калиопи во време на домашна изолација кога секојдневието ни е онакво какво мора да биде во време на пандемија, ниту ден не ги остава своите фанови да им прирди интересно музичко дружење преку Инстаграм со вклучувањата во живо, разговори, форографии…

Таа овој пат сакаше да ги потсети повозрасните или да им открие на помладите фанови дека во своите почетоци од кариерата, кога почна да ги зема и првите музички нагртади и уважувања од југословенските новинари, Калиопи имаше и мала филмска улога.

фото:калиопи/инстаграм

Станува збор за улога во легендарниот „Среќна нова ’49“ – македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов, а Калиопи на игранка ја пее „Пиши ми“.

Коментарите кои се редеа по објавеното видео беа ласкави и пред се такви дека нејзиниот глас опива.

Инаку, „Среќна нова ’49“ се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски, што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар. Филмот е добитник е на низа награди и признанија, како: „Големата златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991).

Останати вести од Радио Милева