Радио Милева
од боем до родител за пример

Тој е Шефик, татко му на Златан Ибрахимовиќ: „Кинко“ – кралот на кафеаната, алкохолот и југофолкот! (ФОТО)

Тој е Шефик, татко му на Златан Ибрахимовиќ: „Кинко“ – кралот на кафеаната, алкохолот и југофолкот! (ФОТО)

По неуспешните  обиди во младоста, Шефик Ибрахимовиќ на стари години прави вистинска кариера како пејач на народна музика! До душа, поголем успех и подобра атмосфера има во пабовите и кафеаните ширум Европа отколку на YouTube, каде што неговиот канал го следат неколку илјади фолк фанови.

Шефик, е познат по прекарот „Кинко“ и има посветено две песни на својот син Златан (Сине мој и Злато, Златене), на родната Бјелина (Убава си Бјелино) и  на Босна (Ти се враќам Босно), а првата негова снимка датира  од 1991 година, кога гостувал на  ТВ Сараево со песната “Тешко е да се сака”.

Инаку, Шефик отсекогаш ги сакал кафеаната и алкохолот,  заради кои ќе му се распадне и бракот со мајката на Златан, Јурка. Кариерата на Златан започнала во тимот на МБИ заедно со неговите шведски врсници, од каде по неколку години се преселил  во тимот на ФБК Балкан.

„Разликата меѓу двата клуба беше драстична, како и атмосферата што татковците ја создаваа на трибините. Додека татковците на играчи во МБИ ги поддржува своите деца извикувајќи: “Ајде, момчиња. Тоа е добро!”, татковците на соиграчите во новиот  клуб своите деца ги „бодреа“ со пцости: Да ти е*ам мајката во п**ка!”

„Си мислев, одлично, исто како дома. Мене ми е добро тука. Тој ниту ги гледаше моите натпревари, ниту ме поттикнуваше да учам. Го имаше своето пијанство, своја војна и својата југословенска музика“ – се сеќава  Златан на детсвото во својата автобиографија.

Сепак, тој став на татко му кон неговиот син не останал засекогаш! Во еден момент, кај Шефик ќе се случи пресвртница, и од целосно неверување, тој станал посветен татко и најголема поддршка на неговиот син. Тој ја следел секоја тренинг-сесија, ги сечел и собирал статиите од весниците, ги следел сите натпревари. Овој однос кон Златан го зачувал и до ден-денес!