Радио Милева

„Тој е човекот на мојот живот“: Наташа Беквалац упати емотивна порака на овој маж

„Тој е човекот на мојот живот“: Наташа Беквалац упати емотивна порака на овој маж
фото: Инстаграм

Поп пејачката Наташа Беквалац често истакнува колку е врзана за своето семејство, а во текот на вчерашниот ден (24.04.2020) го честиташе 3-иот роденден на внукот од својата сестра.

Наташа неодамна го прослави роденденот на своите ќерки Катја и Хана, а сега имаше уште еден роденден во семејството.

Нејзиниот внук наполни 3години, а таа преку социјалните мрежи му упати емотивна порака.

Таа била со нејзината сестра во текот на породување, а внукот Ноа го прегрнала само неколку минути откако се родил.

фотo: Инстаграм

„На денешен ден пред 3 години се роди мажот на мојот живот. Се сеќавам, твојата мајка Кика и јас седнавме во автомобил и слушавме супер музика додека се возевме кон болница. Се смеевме. Докторката ми дозволи да бидам покрај твојата мајка додека ти доаѓаше на свет. Се државме за рака..

Твојата мајка беше храбра како ретко која жена е толку храбра. А ти…преубав и гласен. Како и сега. Секако, веднаш по раѓањето те земав во раце и тоа е чувство на кое сум благодарна и на тебе и на твојата мајка. Среќен роденден, Ноклице моја“ напиша Наташа на „Инстаграм“.

фото: инстаграм

Под објавата се нижеа честитки и убави желби за роденденот на внукот на Наташа.

Останати вести од Радио Милева