Радио Милева

Тијана Дапчевиќ за нејзината улога во Преспав: „Ула е луда како и во третата сезона“

Тијана Дапчевиќ за нејзината улога во Преспав: „Ула е луда како и во третата сезона“
фото: Инстаграм

По завршувањето на третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“, гледачите со нетрпение го очекуваа новото продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“.

Омилената ТВ серија започнува на 18 декември на МРТ1, а фановите со нетрпение очекуваат да ги видат своите омилени ликови.

Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.

фото: Инстаграм

Тијана Дапчевиќ  која ја има улогата на Германката Ула во интервју за „Женски магазин“ проговори каква ќе биде Ула во новиот „Преспав“ и на прашањето дали е точно дека Миле и Дончо се новите газди на пансионот, Тијана вели:

– Пази да не ти кажам кои се газди во „Преспав“, хахаха! Ула е доста застапена во оваа сезона. Исто е луда како во третата сезона, ја крши кризата на средни години. И понатаму бескрајно бара внимание и љубов од Коста, и понатаму го брка и таа ги решава нормално и природно сите проблеми, затоа што таа е Германка, нели?

фото: Принтскрин/инстаграм

Тијана раскажува дека на снимањето постојано се смееле и имало интересни случки додека го снимат крајниот резултат.

– Смешки се случуваа констатно. Се случи на едно снимање толку да се смееме, режисерот дојде и ни рече: „На сите четворица ќе ви дадам по сто евра само престанете да се смеете, за да можеме да ја снимиме сцената“ вели Тијана за „Женски магазин“

фото: Инстаграм

Дапчевиќ откри дека не и било лесно да биде разделена од семејството поточно од нејзиниот син Вук и сопругот Милан, но кога ќе немала снимања заминувала во Белград или пак тие доаѓале во Скопје.

фото: Инстаграм

Инаку, Тијана следната година прославува 20 години музичка кариера, а како што вели овој јубилеј ќе го одбележи со солистички концерт во Србија, но и со турнеја низ цела Србија, Македонија, Бона и Херцеговина…

Што ќе ни понуди новата сезона на „Преспав“ и кои ќе бидат новите газди на пансионот останува да почекаме до среда.

Останати вести од Радио Милева