Радио Милева

Тијана Дапчевиќ во бавча со мотика во рака упати моќна порака, а еве што и порачаа нејзините колешки (фото)

Тијана Дапчевиќ во бавча со мотика во рака упати моќна порака, а еве што и порачаа нејзините колешки (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/тијанадапчевиќ

Коронавирусот не го заобиколи ни светскиот џет сет, ниту естрада која со месеци е на пауза.

Имено, поради пандемијата и нејзиното брзо ширење, естрадните уметници не настапуваат подолго време.

Тоа можеби не е толкав проблем за големите ѕвезди кои од еден настап заработуваат илјадници евра, за оние кои имаат и приватни бизниси или пак некоја заштеда на страна. Меѓутоа, короната влијаеше на оние кои имаат и помал буџет, а веќе со месеци не настапуваат и немаат приходи.

Хрватската пејачка Нина Бадриќ неодамна се огласи на својот „Фејсбук“ со апел до хрватските власти да дозволат на музичарите да одржуваат концерти, секако под одредени услови бидејќи од тие приходи не живее само таа туку и многу луѓе кои работат за неа и издржуваат семејства.

По оваа објава Нина доби понуда од жена да вади компир на нејзината нива, а хрватската пејачка реагираше така што истакна дека исмејувањето на туѓа неволја е пораз на човештовото.

По тој повод се огласи и македонската пејака Тијана Дапчевиќ која во пост на „Инстаграм“ истакна дека не е срамота да се копа компир.

Имено, таа објави фотографија од 2012 година на која е во бавча и со мотика во рака вади компири, а во описот напиша моќна и силна порака:

„Компири …. Значи, што сега? ⁣ Не ме мрзеше, скролав до 21 август 2012 година, само за да ја пронајдам оваа фотографија. Не се занимаваме со уметност затоа што се срамиме да ископаме компири или да не ги валкаме рацете и фустанот, туку затоа пто тоа го сакаме.  Јас музиката не ја сакам, јас ја дишам. Не можам без неа. Јас во се и во секој го слушам звукот. Јас не одев на ниту еден мој концерт со став „ајде да го завршиме тоа, па да си одиме“. Не дојдов да завршам ништо, туку да започнам забава. Да ја видам секоја ваша реакција, да пееме заедно. Моја работа е на вас да ви биде убаво тие два часа. Кога на вас ви е убаво, јас добивам енергија со која може да ја поместам планетата. Ги сакам и оние делови на оваа работа, но овде нема место за тоа да ви зборувам, а не е ни важно.

Важно е сите да одберат да работат она што знаат најдобро да го работат. Важно е да го почитувате автомеханичарот, стоматологот, водоинсталатерот, земјоделецот, касиерката итд бидејќи секоја абота е важна за друштвото. И уметноста е важна, верувајте ми светот би изгледал многу поразлично да нема музика, филм, книги, фотографии…

Важно е да ја почитуваме работата со која некој одлучил да се занимава.  Никој не ве спречува да се занимавате со музика, никој не ве спречува да бидете на телевизија, имате право да правите што сакате. Само е срамота да се искористи тоа право да се копа во туѓите животи и да сее завист поради фактот дека некој нема работа заради сегашната ситуација. Сите сме на иста планета, сите сме во иста ситуација, нема потреба од нови вируси“,  напиша Дапчевиќ на социјалните мрежи.

Објавата за краток период доби повеќе од 7 000 лајкови, а македонската пејачка доби поддршка и од нејзините колешки.

фото: принтскрин/инстаграм/тијанадапчевиќ

Нина Бадриќ во коментар остави срце, а додека пак Гоца Тржан напиша: „Госпоѓо, ти се поклонувам и браво“.

фото: Инстаграм

Потсеутваме, Тијана во една прилика истакна дека заедно со сопругот купиле имот односно таа има и плантажа со ореви.

Останати вести од Радио Милева