Радио Милева
Од цутот на младоста

Тијана Дапчевиќ со наплив на емоции на Инстаграм, а на тоа не пропуштија да реагираат: Калиопи, Жељко Самарџиќ, Нина Бадриќ… (фото)

Тијана Дапчевиќ со наплив на емоции на Инстаграм, а на тоа не пропуштија да реагираат: Калиопи, Жељко Самарџиќ, Нина Бадриќ… (фото)
фото:тијана дапчевиќ/инстаграм принтскрин

Пејачката Тијана Дапчевиќ ретко објавува фотографии со сопругот, бидејќи како што вели, нејзиот Дапче не сака да се фотографира и експонира во јавноста.

Но, кога има повод, Тијана не може да го сопре напливот на емоции за да се изјасни јавно за своите чувства.

фото:тијана дапчевиќ/инстаграм принтскрин

Овој пат, поводот беше роденденот на Милан, па таа извади од архива стара заедничка фотографија од цутот на нивната младост.

Среќата од тоа што се поддршка и сила еден на друг, не е само за посебни денови, но кога е роденден, емоциите посилно продираат на површина.

фото:тијана дапчевиќ/инстаграм принтскрин

-Најдобриот маж, татко, другар, сопатнник среќен роденден љубов моја Милан Дапчевиќ да си среќен и здрав уште најмалку 100 години, те сакам со небото и ѕвездите и до зад ќошот на свемирот, пишува Тијана во описот.

На оваа посебна честитка и фотографија не пропуштија да реагираат и колегите на Тијана од Србија и Македонија, како: Калиопи, Жељко Самарџиќ, Нина Бадриќ, Дуке Бојаџиев, Пере Нокаут…

За потсетување, Милан и Тијана се запознаа на натпревар во кошарка, во брак се веќе две децении, а како плод на љубовта го имат синот Вук.

Останати вести од Радио Милева