Радио Милева
Ах години...

Тијана Дапчевиќ применува третман со игла до помлада кожа – фановите збунети (видео)

Тијана Дапчевиќ применува третман со игла до помлада кожа – фановите збунети (видео)
фото:тијана дапчевиќ/инсатграм

По завршувањето на четвртата сезона на македонскиот ситком „Преспав“, Тијана Дапчевиќ се повеќе ни недостасува да ја гледаме во улогата на Ула. Но, тоа многу наскоро ќе се промени бидејќи овој месец декември стартува петтата сезона на популарниот македонски ситком „Преспав“.

Тијана е доста активна на социјалната мрежа Инстаграм, така што секоја новина која и се случува приватно или професионално е позната, а следбениците се навремено информирани.

фото:тијана дапчевиќ/инстаграм

Периодов, Тијана одмара од снимањата кои претодеа изминатиот период во Скопје, но затоа доста често ја гледаме на Инсатграм. Во новата 2021, односно во месец февруари, Тијана полни 45 години, но нејзините фанови сметаат дека не и се потребни третмани со игла против стареење.

фото:тијана дапчевиќ/инстаграм

Ваквите коментари беа поттикнати од видеото на кое Тијана е на третман против старење и тоа со боцкање на делови од лицето кои се најподлежни на брчки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

Повеќето од прашањата беа дали третманот боли, но најголем дел беа дека Тијана изгледа младо и се уште и е рано за вакво боцкање против стареење.

Од резултатот сигурно била задоволна, но веруваме дека најмногу и годеа комплиментите од следбениците.

Останати вести од Радио Милева