Радио Милева

Тијана Дапчевиќ откри дали ќе и се придружи на нејзината сестра на Евровизија во Тел Авив

Тијана Дапчевиќ откри дали ќе и се придружи на нејзината сестра на Евровизија во Тел Авив

Ова година Изборот за песна на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, а наш претставник е Тамара Тодевска.

Таа ќе не претставува со песната „Proud“, на авторскиот тим  Коста Петров, a музиката на Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски и Дарко Димитров.

Таа неодамна на јавноста и ја претстави својата песна која има одличен фидбек не само кај македонската публика туку и пошироко.

Тамара неодамна откри дека на сцената во Тел Авив како придружни вокали ќе и се придружат Андријана Јаневска, Антониа Гиговска и Васил Гавранлиев.

Иако се зборуваше дали на Евровизија заедно со Тамара ќе оди и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, Тодевска во една прилика откри дека не знае дали таа ќе настапува со неа на сцена, но дека  ќе биде таму да ја придржува.

Меѓутоа, Дапчевиќ се вклучи во живо на „Инстаграм“ каде што разговараше со своите фанови, а на прашањето дали ќе оди во Тел Авив, Тијана одговори:

„Не, нема да одам во Тел Авив бидејќи така одлучивме. Ќе останам во Белград, на гости од Скопје ќе ми дојде внуката Хана да ја чувам“ вели Дапчевиќ.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа исто така истакна дека на своите фанови им подготвува концерт во Белград кој ќе се случи пред Велигден.

За потсетување, Тијана Дапчевиќ не претставуваше на Евровизија во 2014 со песната „To the skу“.

Останати вести од Радио Милева