Радио Милева

Тијана Дапчевиќ јавно му поласка на Жељко Јоксимовиќ (фото)

Тијана Дапчевиќ јавно му поласка на Жељко Јоксимовиќ (фото)

Во домот на пејачката Тијана Дапчевиќ веќе владее празничната атмосфера, а новогодишната елека веќе е накитена.

Тијана периодов го минува во Белград каде постојано е на снимања, но најде време за да го украси домот, да го израдува синчето Вук, но и да поужива на концерт кај колегата Жељко Јоксимовиќ кој деновиве настапува со концертот „Два света“ во Србија.

Тијана одлучи да го испочитува Јоксимовиќ, па заедно со пријателката седнаа од спротивната страна на сцената за да поуживаат во музиката на популарниот српски музичар и композитор.

Па така, пејачката на својот Инстаграм објави неколку фотографии од концертот, а како дополнување му поласка на Жељко.

-Браво маестро, напиша Тијана за Јоксимовиќ восприемајќи ја музиката од првите редови.

Инаку, концерот „Два света“  минатата година имаше прилика да го слушне и македонската публика, а со истиот наслов, но со различен репертоар ќе се одржи и годинава во Скопје на 23-ти во Македонската опера и балет и тоа од 19 часот и уште еден од 22 часот.

Останати вести од Радио Милева