Радио Милева

„Ти си нашиот живот“: Соња Тарчуловска со емотивна порака за 15-иот роденден на ќерката

„Ти си нашиот живот“: Соња Тарчуловска со емотивна порака за 15-иот роденден на ќерката
фото: фејсбук

Родендените се едни од убавите поводи за славење, особено на оние најблиските кога се собира потесниот круг на семејството за да прослават.

Да, некои сакаaт да слават и од своите родендени да прават гламурозни забави, а некои не сакат премногу „фешти“ и внимание на овој ден.

Македонската пејачка Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан вчера (20.02.2020) имаа убав повод за славење.

Имено, нивната најстара ќерка Мелани наполни 15 години.

Пејачката на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од различни периоди на  ќерката и со емотивна порака и го честиташе роденденот.

„Мелани како да беше вчера, кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат.Ти си нашиот живот.Среќен 15 ти роденден“ напиша Тарчуловска на социјални мрежи.

Под фотографија се нижиеа честитки и убави желби за Мелани, а пејачката им се заблагодари на пријателите за честитките.

Инаку, Соња и Јохан од бракот имаат уште две деца Младен и Јована.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева