Радио Милева

„Тешко го поднесов разводот“: Ана Николиќ ја отвори душата за Раста и ќерката Тара

„Тешко го поднесов разводот“: Ана Николиќ ја отвори душата за Раста и ќерката Тара
фото:инсатграм/ананиколиќ

Ана Николиќ по три години медиумска пауза ја отвори душата и изнесе напознати детали за својата приватност, проговори за мајчинството и за разводот. Таа ја обожава својата ќерка Тара, која ја доби во бракот со Стефан Ѓуриќ Рста, и нејзе не може да и каже не.

-Тара само ми наредува. „Млеко, вода, дуду.“ Јас и велам: „Океј, ваше височество, вам секогаш на располагање“ – вели Ана во емисијата „Премиера“.

-Тара ми отвори нова димензија на знечењето на зборот љубов. Сега кога таа ми вели „Ана“, јас паѓам во несвест!

фото:инсатграм/ананиколиќ

Ана му постави едно прашање на водителот кое открива дека не е толку силна како што изгледа:

-Зарем навистина делувам толку силна од страна? – праша таа.

-Тешко го поднесов разводот и ми требаше многу време да се составам, да тргнам понатаму во својот живот. На крајот не успеало. Мислам дека тоа беше мојот најдобар потег во тој момент, вели Николиќ за разделбата од раперот Раста.

фото:инсатграм/ананиколиќ

Сега Ана се враќа на музичката сцена, и вели дека тоа и помага:

-Нов почеток. Баш таа работа во студио ми помогна повторно да бидам добро и да бидам среќна, завршува Ана Николиќ.

Останати вести од Радио Милева