Радио Милева

Тешкиот живот на Лејди Гага: „Бев гладна и смрдлива, но среќна“

Тешкиот живот на Лејди Гага: „Бев гладна и смрдлива, но среќна“
фото: Guliver Image/Getty Images

Кога ќе се тргнат на страна шпекулации за врската со Бредли Купер, последната година од животот на Лејди Гага е сон на секој уметник. Нејзината кариера припаѓа меѓу една од најголемите во поп културата, а таа е сопственичка на Оскар, Греми, Златен глобус и други модни награди која засекогаш ја вброија меѓу ѕвездите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on


Оваа година е првата жена која за Оскар е номинирана во категорија за најгобра актерка и најдобра песна. Оскарот го доби за најдобра песна, а во емотивниот говор порача дека не треба да се чудите на победата и дека не треба никогаш да се откажете од сонот. Лејди Гага клавир почнала да свири на четири години, а нејзиниот учител веднаш забележал дека се работи за талент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

-Не сакав да се дружам со останатите деца. Моите родители поради тоа сметаа дека со мене нешто не е во ред, рече во една прилика. Својата прва песна ја компонира на само 11 години, а по завршувањето на средното училиште се запишува на музичка академија. Таму и било досадно, па одлучила да се откаже од факултетот и да стане ѕвезда.

-Татко ми плаќаше една година за да престојувам во еден влажен и лош стан. Ми кажа дека ако не успеам, ќе се вратам на факултет. Се преплашив. Тие месеци свирев по клубови. Заработував многу малку и постојано бев гладна. Често немав за сметки, па ми ја исклучуваа водата. Чувствував дека смрдам, но бев среќна, вели во една прилика.

Во тој период ја запознава Луца Карл, кој работи како келнер во еден локал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on


-Се заљубив во него , бидејќи беше грд како и мене“ За време на таа врска нејзиниот сон за кариера почнува да се остварува. Го запознава продуцентот Роберт Фусари кој е воодушевен од нејзиниот талент. Песната „Boys, boys,boys“ во 2008 година станува нејзин хит, а во наредните 11 години Лејди Гага стана планетарно позната музичка икона.

Никогаш не криела дека е бисексуалка и дека во животот пробала се. Сепак, вели дека денес не сака да пие и да се дрогира и дека нема потреба да ги убива мозочните клетки. Нејзината последна врска беше со Кристијан Карин, но таа романса наводно е прекината, што уште повеќе ги подгреа гласините дека меѓу неа и Бредли Купер се создала љубовна хемија од снимањето на филмот „A star is born“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

 

Останати вести од Радио Милева