Радио Милева
Внучка на баба

Теа Трајаковска со старо-нови навики: Пејачката има нова верзија на старата песна и стара навика со нови фотографии – да се слика разголена (ФОТО)

Теа Трајаковска со старо-нови навики: Пејачката има нова верзија на старата песна и стара навика со нови фотографии – да се слика разголена (ФОТО)

Една од надежните македонски поп пејачки, младата Теодора Теа Трајковска  на своите обожаватели им подари  нова, акустична верзија од својата стара песна „Пекол“ и нова фотосесија, во која пеајачката ги задржала старите навики… Да се фотографира подразголена!

Овој пат анплагд верзијата на песната и домашното видео за неа Теа го снимала во дневната соба на баба и, а за фотосесијата пејачката соработуваше со креаторките Магда Стејшн и Басилеиа, додека пак фотографиите ги направиле Ладислав Кинг и Мартин Симоновски. На нив Теа одново во по некоја провокативна поза дискретно го истакнува својот младешки сексапил.

„Сакам да се фотографирам, а во оваа фотосесија мислам дека секоја слика има своја приказна и зборува сама за себе. Нашата професија бара постојано да ја изненадуваме публиката со нешто ново, без разлика дали станува збор за нова песна, нов албум или нови фотки“ – ќе изјави неодамна Трајковска за Вечер.

Штом ја снимале песната во дневната соба на баба и, баба сакала-не сакала,  морала да се „соочи“ со „Пекол“-от на внучката…

Само прашање е дали баба има Фејсбук и Инстаграм за да ги види нејзините скокотливи фотографии?

И овие поновите и оние постарите?