Радио Милева
„оваа ќе направи милиони“...

Теа Стошевска е најпровокативната и најсекси учесничка во „Ѕвездите на Гранд“: Македонско девојче, ептен надарена! (ВИДЕО)

Теа Стошевска е најпровокативната и најсекси учесничка во „Ѕвездите на Гранд“: Македонско девојче, ептен надарена! (ВИДЕО)

Теа Стошевска дефинитивно е најсексапилната и најпровокативна учесничка во регионалното музичко талент шоу натпреварување, „Ѕвездите на Гранд“.

Таа сношти преку баражот влезе во следното коло од ова натпреварување, но сепак остави најсилен впечаток кај публиката и ТВ гледачите.

Некои членови на жирито до душа не беа воодушевени од тоа како пее натпреварувачката, но нејзиниот ментор, Јелена Карлеуша, сметаше дека Теа има сè што е потребно за оваа работа.
„Оваа ќе заработи милиони“ – рече Карлеуша за Теа и ја пофали за младоста и убавината.

Инаку Теа која живеела и во Мелбурн – Австралија има македонски корени, а сега живее во Белград. Покрај пеењето, работи како фитнес модел, танчарка и актерка. Има  снимено една своја песна и видео за неа, насловерна „Умри машки“ ( во 2017 год.), за која самата ги напишала музиката и текстот.

Теа настапува по ноќните локали, клубови и дискотеки, а неретко може да се види и во Скопје и низ Македонија.

Така, таа неодмна настапуваше во познатиот скопски ноќен клуб „Мистик“.

По влезот во следниот круг, атрактивната пејачка објави благодарност на својот Инстаграм профил, па во постот напиша:

„Благодарам многу на сите за позитивните коментари! Најмногу од сè на мојот ментор Јелена Карлеуша, а исто така и на Саша Поповиќ за третманот! Секако, возбудата е голема да се биде на  сцена како оваа, така што тремата беше присутна, но дадов се од себе на публиката и гледачите да им приредам и сценски настап, а верувајте не е лесно се да се вклопи! Критериумите во моето шоу беа премногу строги и се радувам што отидов понатаму (за малку директно)!

Со стајлингот ги следам сцениските трендови на светските везди и жалам што тоа не беше препознато, но задоволен сум од тоа како тоа го изведе најдобрата во нашиот регион, Весна Трифуновиќ. Настрана фактот што тремата го направи своето, генерално сум задоволна од мојот настап… Ситни грешки на сите им се поткраднуваат, особено во конкуренција како ова, и на секој што бара влакно во јајце, му советувам и самиот да застане на таа сцена“ – вели Теа на нејзиниот профил.

 

View this post on Instagram

 

Hvala puno svima na pozitivnim komentarima! Najviše mojoj mentorki @JelenaKarleuša ❤ a i @sasa.popovic.official na djuskanju! 😊🕺 Naravno uzbuđenje je veliko na ovakvoj sceni, pa je i trema bila prisutna, a na to sam se potrudila da publici i gledaocima priredim i scenski nastup a uklopiti sve to je verujte nije lako! Kriterijumi u mojoj emisiji su bili prestrogi i drago mi je da sam prošla dalje (za malo direktno)! Stylingom sam pratila scenske trendove svetskih zvezda i žao mi je što to nije prepoznato, a ja sam prezadovoljna kako je to izvela na našim prostorima najbolja @vesna_trifunovic 👗Osim što je trema učinila svoje, ja sam generalno zadovoljna svojim nastupom, sitne greščice se potkradu svima pogotovo na ovakvom takmičenju, a ko traži dlaku u jajetu, savetujem da sam stane na tu scenu. 🙂 Hvala još jednom mom timu koji se pobrinuo za kompletan moj izgled! @makeover.rs @vesna_trifunovic @carape_marilyn @helenadia_outlet kao i @gospodin5 Najbolji ste! ❤ Idemo dalje još jače! 💋 Vidimo se u 3. krugu! 💪 #teastosevska #zvezdegranda @ivanapeters @karleusamentorteam @zvezdegranda_fanovi @karleusamentor @zvezde_granda_2019 @tap011

A post shared by Tea Stoševska (@teastosevska_official) on