Радио Милева

„Те сакам и ми недостигаш“: Лепа Брена со емотивна порака го честиташе роденденот на својата почината мајка

„Те сакам и ми недостигаш“: Лепа Брена со емотивна порака го честиташе роденденот на својата почината мајка
фото: владимир шпорчиќ

Лепа Брена ги разнежи фановите кога на социјалните мрежи објави фотографија со нејзината почината мајка.

Мајката на Брена, Ифета Јахиќ почина во 2014 година, а вчера беше нејзиниот роденден.

Популарната пејачка се потсети на нејзиниот роденден, па на социјалните мрежи објави неколку фотографии и откри колку и недостига.

фото: инстаграм/лепабрена

„Ми недостигаш, те сакам. Среќен роденден, мајко моја“ напиша Брена во описот на фотографиите.

Брена неколку пати досега истакна дека мајка и е многу важна личност во нејзиниот живот, дури и посвети албум со севдалинки кои таа ги сакала.

фото инстаграм/лепабрена

Во неколку интервјуа досега, пејачката истакна дека кога била на почетокот од кариерата нејзината мајка и шиела гардероба за настапите.

фото: Инстаграм/лепабрена

Мајката на пејачката почина во ноември 2014 година, а покрај неа во тие тешки моменти беше нејзиниот сопруг Боба, нејзиниот брат и сестра, како и нејзините колешки Гоца Божиновска, Злата Петровиќ, Ацо Пејовиќ….

Брена на својот роденден во 2010 година остана без нејзиниот татко Абид кој почина во болница во Тузла од последици од сообраќајна несреќа.

Останати вести од Радио Милева