Радио Милева

„Те лажат“: Анастасија Богдановска го сподели искуството од породувањето, губењето килограми и почетокот на мајчинството…

„Те лажат“: Анастасија Богдановска го сподели искуството од породувањето, губењето килограми и почетокот на мајчинството…
фото:анастасија богдановска/инстаграм/принтскрин

Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богдановска неодамна за првпат се оствари во улогата на мајка и на свет ја донесе ќекичката Дениција.

За време на деветмесечната блажена состоба, односно кон второто тримесечје откако и нарасна стомакот, Анастасија започна да го споделува споето искуство преку опширни описи на своите фотографии на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea Bogdanoska (@anastasiia_dea) on

Сега откако се породи, таа продолжува со истата пракса. Меѓу најновите објави се најде и таква од која откри дека со Дениција била породена со царски рез, дека симнала само 6 килограми по породувањето итн…

Следеше искуството од слатките маки на мајчинството, толку напорни, а така слатки, неописливи кога ќе ти се насмевне тоа бебенце, тој нов живот во облик на плод од твојата љубов.

Дека многу нешта се неточни, кога ќе ти ги кажат околу мајчинството, Деа вели вака:

„ Мама, кога ти велат дека можеш да спиеш додека спијам јас, те лажат” – нема поточно.

Вистината е дека нема да спиеш, затоа што ќе имаш “милион” други работи кои ќе треба да ги направиш. Ако имаш кој да ти помогне, ќе си најсреќна. Но во часовите или деновите кога нема помош, ќе бидеш среќна ако имаш време да седнеш и да се напиеш вода на раат. А ќе ти се пие вода. И тоа многу! … Додека спие, дооолго ќе набљудуваш како дише (и дали дише/ колку и да звучи параноично, ама и тоа (ќе) го правиш. Те лажат за ова и не ти кажуваат, дека нема да мислиш на твојот сон и на спиењето, туку на оние мали ангелски насмевки кои ги прави додека мирно спие. Ќе се будиш само за да ги гледаш.

Те лажат и кога ти велат дека во родилиштето ќе ги оставиш вишокот кг и дека за неколку дена/недели ќе се вратиш во форма. Јас “оставив” само 6 кг, од кои Дениција тежеше 4 кг. Значи само минус килограмите од бебето и плодовата вода. Те лажат за ова и не ти кажуваат дека иако ќе си со повеќе кг, ќе си го сакаш телото повеќе од било кога и ќе си му бескрајно благодарна затоа што на свет донесе нов живот.

Но, не те лажат кога ти велат дека се заборава болката. А секако дека боли… Со часови/денови. (Голема благодарност до Др. Јорданчо Иванов и тимот од Систина со чија помош го имав најбезболниот царски и опоравување. А и најмалата рана од операцијата)

Не те лажат и за тоа дека, ќе се смениш и ќе си друга личност од моментот кога за прв пат ќе го видиш своето бебе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea Bogdanoska (@anastasiia_dea) on


Не те лажат и за тоа дека ќе плачеш. Често. И од среќа, но и затоа што нема да знаеш дали правиш се како што треба. А правиш.

И не те лажат кога ти велат: “Ќе знаеш кога ќе станеш родител.”
Навистина е така.

И додека ја гледам како спие, посакувам секој кој што сака да ја доживее оваа среќа. Навистина од се срце го посакувам тоа и испраќам поддршка и сила за да не се откажуваат, пишува Анастасија.

За потсетување, Анастасија Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски станаа родители кон крајот на месец јули.

Останати вести од Радио Милева