Радио Милева
несудена љубов...

Таткото на вонбрачниот син на Ана Бекута: Го молев семејството да не ја убијат неа и детето!

Таткото на вонбрачниот син на Ана Бекута: Го молев семејството да не ја убијат неа и детето!

После повеќе од четири децении, откриена е добро чуваната тајна на Ана Бекута и човекот што го направи нејзиниот син Игор Полиќ. За да ги спаси пејачката и синот од семејството кои сакале да ги убијат, таткото на Игор минал низ пекол.

Имено, Ана и нивниот син се сакале да ги убијат затоа што таа забременила пред нивната врска да биде крунисана со брак, што моралните норми не дозволувале во тоа време.

 

 

View this post on Instagram

 

Spot i pesma koju obožavam ” Gorim” ! 🤩🤩🤩 ČEKAMO 25. OKTOBAR! #anabekuta #svesamsteklasama

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1) on

„Тогаш запознав жена борец и херој и никогаш повеќе. Нашиот син е роден од голема убов. Ана беше премлада, а бременоста беше шок за сите во семејството. Кога слушнаа за тоа, некои во семејството сакаа да ги убијат неа и детето, такво беше времето. Патријахално и заостанато“ –  кажал таткото како реагирало неговото семејство на бременоста на Бекута:

„Јас лично отидов и ги молев да не ја повредат ниту неа ниту бебето. Викнав: Убијте ме мене, неа не ја допирајте! Не сте ни свесни колку пропатила Ана, но таа е лавица. Таа се бореше за сè, а јас бев слабак и кукавица. Немав сила да се борам заедно со неа. Таа ги реши сите проблеми без мене и моја помош и сега се срамам од тоа. Кришум одев да го посетам син ми додека тој беше во домот за сирачиња. Само ми требаше да го допрам и да го помилувам. Сега сум пресреќен што прерасна во чесен човек и домаќин. Сè на по залуга и на грбот на Ана. А таа остана убава. Со чисто срце и образ. Ја сакав како бог, никогаш нема да ја заборавам. Тоа е болна приказна, никогаш нема да ја заборавам! Би дал сè за да можам да го вратам времето назад, но сега за тоа е предоцна“.

Останати вести од Радио Милева