Радио Милева
вистински вредности

„Татко и син“: Даниел Кајмакоски со стиховите на овој светски евергрин го воспитува својот син (ФОТО+ВИДЕО)

„Татко и син“: Даниел Кајмакоски со стиховите на овој светски евергрин го воспитува својот син (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот поп пејач Даниел Кајмакоски откако се ожени и особено откако му се роди синчето Давид, светот му се сврти наопаку. Ергенскиот живот, ноќните излегувања до рани те утрински часови, журките, девојките, забавата… преку ноќ исчезнаа за „момчето со Х-фактор“, кое сега ужива во сосема други вредности што ги носи животот во семејство.

Епицентарот на  неговиот универзум сега се неговата сопруга Кристина и особено нивниот мал Давид, кому Даниел му го посветува сето време на светот.

Покрај вообичаената грижа и играта со синчето, Даниел како добар родител уште од мали нозе се обидува да го воспитува и едуцира малиот Давид… А како поинаку, ако не со она што најдобро го знае и умее… низ стихови и песна!

Затоа Кајмакоски реши да спои убаво и корисно, па на својот единец преку стиховите на еден познат светски евергрин му објаснуваше како треба да се однесува, и да му се одвива животот… „Татко и син“ („Father and Son“) евергринот на еден од најпознатите светки кантавтори од 70-ите, легендарниот Кет Стивенс (Cat Stevens) е песната, односно нејзините стихови за тоа како го замислува животниот пат на својот син, Даниел Кајмакоски!

Постот покрај фотографијата е доказ дека на вистинскиот пат децата се учат уште од мали нозе… На вистинските вредности, со вистинската музика.