Радио Милева
ќерка на земјаци

Татко и е од Дебар, мајка и од Гостивар: Светски познатата музичка ѕвезда е болна и ќе се оперира од синуси!

Татко и е од Дебар, мајка и од Гостивар: Светски познатата музичка ѕвезда е болна и ќе се оперира од синуси!

Светски познатата пејачка Бебе Реџа, поради тешка инфекција на синусите, ќе биде оперирана, пренесуваат албанските медиуми.

Веста ја објави Реџа, наведувајќи дека повеќе денови не е во добра здравствена состјоба, дека едвај може да дише и има силни главоболки.

„Појдов на доктор за инфекцијата на синусите, која не поминува и ми рече дека треба да се оперирам. Поминувам тешки моменти далеку од родителите. Многу сакам да сум до мајка ми“, напиша пејачката.

Родителите на Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа, се од Македонија, татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар, кои во САД емигрирале во 80-те години од минатиот век.

Родена е на 30 август 1989 година во Бруклин и долго е во светската музичка индустрија.

Таа е и текстописец на многу светски хитови, меѓу кои и “The Monster” на Еминем и Ријана.

Останати вести од Радио Милева