Радио Милева
рефреширани информативки

Татјана Стојановска и Билјана Трендафилова се од различни телевизии, ама заедно се „топат“! (ФОТО)

Татјана Стојановска и Билјана Трендафилова се од различни телевизии, ама заедно се „топат“! (ФОТО)

Македонската информативна фела кога се телевизиските новинарки и ТВ презентерките во прашање има со што да се пофали. Во професионалните квалитети не навлегуваме, за нив се задолжени главните уредници или газдите на телевизиите. Во политика не секој се разбира, па дури ни политичарите, ама затоа она што секој може да го види, процени и просуди е физичкиот изглед. Ама, ТВ екранот е чудна направија. Телевизијата колку и да е магична, камерата може или да те разубуави или да те унакаже, се разбира, во зависност од тоа колку те сака објективот, односно колку си фотогеничен. На сето тоа, таа уште знае и да додава  килограми, па затоа на ТВ лицата ни малку не им е лесно кога ќе застанат пред камерите.

Затоа двете убавици од националните телевизии решија да се здружат, па заедно да ја одржуваат формата и кондицијата кога е ставата во прашање. Презентерката на Канал 5 –  Татјана Стојановска и главната уредичка на ТВ Нова – Билјана Трендафилова решија работата да ја земат во свои раце.

Убавината е од Бога дадена, ама и минлива, па ако не ја одржуваш… може од телевизија да те прекомандуваат на радио!  Двете информативки многу добро знаат, дека не само заради професијата, туку и заради здравјето и личната убавина, формата мора да се одржува. Па затоа после целиот метеж и работна тарапаана – правец теретана!  Тања и Биби занаат како да ја подготват својата физичка доктрина, па работата ја фатија уште од рано изутрина! Стратегијата подготвена бетер од ТВ дневник: поткачени на соодветни фитнес помагала, со тегчиња в раце, а рацете кренати високо горе, информативките топеа килограми за на телевизија, ама и за на море! Конечно телевизијата ги дава само до половина, а на плажа нема криење – мора да изгледаш како сирена од глава до петици!

По напорниот тренинг, така рефрешираните информативки направија кадар во огледалото, чисто за да се споредат себе си пред и по вежбањето. Ефектот можеби не е веднаш видлив, ама затоа чувството е единствено. Неколку месеци  ваква фискултура и ете ти  затегната мускулатура и извајана фигура, сеедно за на море или телевизија… Важно е за добар изглед да имаш добра визија!