Радио Милева
си ги освежи сеќавањата

Татјана Стојановска, денес една од најдобрите ТВ презентерки на јавноста и стана позната по нешто сосема друго! (ФОТО)

Татјана Стојановска, денес една од најдобрите ТВ презентерки на јавноста и стана позната по нешто сосема друго! (ФОТО)

Таа важи за една од најдобрите и најискусни македонски ТВ презентерки… Годините минуваат, телевизиите  се менуваат, но не и таа… Нејзиниот физички изглед како да застанал во времето… Или како што знаат некои да кажат, таа поседува „замрзната убавина“.

Татјана Стојановска кариерата сепак ја започна како нешто сосема друго… Тогаш нејзиниото хоби, манекенството ќе и биде влезна врата во јавната работа, во она што подоцна ќе почне да го работи и ќе и стане и остане нејзина професија се’ до ден – денес.

Тогаш, таа 1992 година, или народски кажано, пред повеќе од четрврт век, убавата и згодна, долгонога, црномуреста скопјанка ќе ги освои срцата и на жирито и на публиката.

Со тоа, и пошироката јавност ќе ја запознае тогаш новата Мис на Македонија 92, националниот избор кој во тоа време го организирашеединствената и многу популарна естрадна ревија во Македонија, ревијата „Екран“!

По оваа титула, убавицата со црна виткана коса ќе се појави и претставува Македонија уште на неколку домашни и интернационални избори како:  Мис на планетата 1993, Изборот за Мис на светот…

…од каде и што ќе понесе некоја од титулите!

Подоцна македонската убавица, манекенка и фотомодел модната писта, фотосесиите  и рекламите ќе ги замени со ТВ камерите, пред кои ќе остане се’ до денес.

Презентерското столче на вестите и водителството ќе и станат животна определба, а изборите за мис и манекенските денови на Тања, како што ја нарекуваат колегите, ќе и останат само драг спомен и сеќавање на младоста и времето.

Она време, кога убавината од Бога дадена и од мама наследена ќе и ја отвори вратата на животот и професијата, во која се’ уште „турка“ онака како и што изгледа: Одлично!