Радио Милева

Татијана Стефановска за сефте на стартот од летото ја покажа фигурата во костим за капење (фото)

Татијана Стефановска за сефте на стартот од летото ја покажа фигурата во костим за капење (фото)

Битолчанката Татијана Стефановска секое лето како по правило знае да изработи професионална фотосесија во костим за капење.

За сефте на стартот од летото фолк пејачката се реши за фотосесија во студио, наместо во природа на отворено каков што беше случајот преходното лето.

Зад објективот овој пат застана фотографот Томе Табанов, а Татијана позира во едноделен костим за капење, најпрвин надополнет со црна моторџиска јакна на себе, а потоа расоблечена со сиот свој раскош даден од Бога.

Инаку, пејачката периодов работи на нова песна, а како што откриваза Вистина.ком.мк, за истата ќе биде изработен и видео спот.

Стефановска вели дека летово има полна агенда со настапи, а можеби ќе најде многу малку време и за летен одмор.

фото:томе табанов