Радио Милева
Годините минуваат, таа не се менува...

Татијана Стефановска се потсети на „сите свои слики“ што ги чува: Качи се моме на коња, да те сликаме…! (ФОТО)

Татијана Стефановска се потсети на „сите свои слики“ што ги чува: Качи се моме на коња, да те сликаме…! (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Татијана Стефановска неодамна ги израдува своите обожователи со видеоспотот за новата песна, баладата „Си одам“, која се најде на последниот  албум „Дарој свадбарски“ кој излезе во уште во февруари мината година.

„Доволно долго ја чував песната и сега дојде времето да се сними спот за неа“ – изјави по тој повод фолкерката.

Деновиве таа на својот Инстаграм профил на кој често постира слики, покрај  оние, најновите фотографии, закачи и една постара фотографија… Која како и песната, веројатно доволно долго ја чувала, за сега повторно да ја покаже.

Сликата е некаде од пред речиси 7 години, кога пејачката почнуваше да станува позната и го градеше патот кон популарноста!

На неа, Татијана качена на коњ, променета во бела руба како ликовите од приказните од античката историја…

Не е јасно што сакаше  со постирањето на оваа фотографија пејачката да постигне, на што сакаше да се присети, или пак некого, на нешто да потсети… ама сеедно!  Додека Татијана задоволно јаваше позирајќи, ние го „јавнавме“ нашиот пребарувач, па низ архивата ја најдовме целата фотосесија на тогаш, а Бога ми и сега убавата и згодна битолчанка!

Направена под будното око на уметничкиот фотограф и видеорежисер Дарио „Генерал“ Јанковиќ, Татијана изгледа толку многу возбудливо и секси, што еротскиот набој едноставно самиот излегува и зрачи од неа и уметничкото дело на фотомајсторот!

Јавната на коњот, покарај него или без него, пејачката изгледа фатално привлечна и неодоливо пожелна со секоја наредна поза…!

Патем, од фотографиите евидентно е уште нешто: годините неповратно минуваат, ама таа не се менува… или многу малку!

Но, ако помисливте дека ова е најжешкото нешто што на фотографија досега го понудила Татијана Стефановска – се лажете…

Еве потсетување на уште една горлива поза на сексапилната фолкерка… Чисто како најава за некоја следна прилика!