Радио Милева
фото избор

Татијана Стефановска покажа која поза најмногу и лежи? (ФОТО)

Татијана Стефановска покажа која поза најмногу и лежи? (ФОТО)

Покрај новогодишните празници, летото за естрадата е веројатно најплодниот период… Отворени дискотеки, клубови, кафулиња, летни тераси, базени, плоштади, летни фестивали и манифестации, стотици свадби… Можност за вистинска естрадна „летна жетва“.

Татијана Стефановска како една од најатрактивните македонски фолкерки е прилично ангажирана. По настапот на манифестацијата „Гурман фест“ во Дојран, каде згодната битолчанка заедно со Сузана Гавазова беа главните музичка ѕведи, кои со својата песна ги „гостеа“ присутните гурмани, Татијана, меѓу две „тезги“ украде и  малку време за себе, па реши да се одмори.

А на лето, каде на друго место ако не покрај вода.

Секасапилната фолкерка  уште еднаш покажа и потврди, дека е сирена на суво!

Згодна, пожелна, секси… расоблечена на една од преубавите песочни плажи на грчкото крајбрежје, во модерно бикини со карнери, Татијана реши да го тестира вкусот на публиката, ама и да го потврди својот: Која поза, најмногу и лежи? Затоа постираше иста фотографија во три фрема: Убаво лице, вито тело и долги нозе, во три пози… И тоа различни! Тетоважата над долниот дел од бикинито, само потенцира какво секси стомаче има битолското фолк маче!

Нејзината понуда е постирана на социјалните мрежи. Ваше е само да ја одберете омилената поза…  Онаа, во која позира на фотографијата Татијана Стефановска, а Вам најмногу ви се допаѓа!