Радио Милева

Тања Савиќ заврши во полиција: Некој се претставил како неа и се обидел да украде пари од нејзината картичка

Тања Савиќ заврши во полиција: Некој се претставил како неа и се обидел да украде пари од нејзината картичка
фото: Принтскрин/инстаграм

Тања Савиќ добила повик од полиција бидејќи некој се претставувал во нејзино име и се обидел да извади пари од картичката.

Според сознанијата, таа личност мислела дека Тања е во Австралија и дека случајот нема да биде откриен.

Савиќ се огласи и ги потврди овие сознанија потенцирајќи дека е во шок поради целата ситуација.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Ми се јавија да дадам изјава поради кражба на пари и кражба на идентитетот. Прво помислив дека некој се шегува со мене, но не станува збор за шега“, изјави Тања и додава:

„Ќе одам да видам што се случува бидејќи ми кажаа дека такви разговори не може да ги откриваат преку телефон“.

Останати вести од Радио Милева