Радио Милева
тешка година за пејачката

Тања Савиќ по сите турбуленции откри во какви односи е со сопругот: „Не се слушаме, не ме интеренсира“

Тања Савиќ по сите турбуленции откри во какви односи е со сопругот: „Не се слушаме, не ме интеренсира“
фото: Принтскрин/хепи

Пејачката Тања Савиќ проговори за тортурата низ која поминува поради нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ кој ги однесе нејзините деца во Австралија пред речиси една година.

„Последен пат децата ги видов во април претходната година. Поради короната се’ се одвива споро. Можеби некои институции кај нас и во Австралија ја користат состојбата со короната како изговор да не си ја работат работата. Не земаат во предвид како се чувствува мајката кога е без децата. Ова е предолго, макотрпно, предолго трае. Судењето требаше да биде на 19, но го преместија за 24 и 25 февруари, во шок сум. Судењето е во Австралија, јас физички не можам да одам таму, најверојатно ќе се вклучам преку апликација“, вели Тања.

фото: Принтскрин/хепи

„Имам комуникација со децата благодарение на судот во Австралија бидејќи поднесев тужба против мојот сопруг, не се јавуваше на телефон, не ми ги даваше децата. Со оглед на околностите, судот реагираше, мора да се слушнаме секој ден во девет часот наутро, а кај нив тогаш е шест часот попладне. На самиот почеток многу тешко реагираа, не беа подготвени на ситуацијата. Сега разбираат, вклучени се и психолози. Тие знаат како тече процедурата, знаат дека мајка им се суди со татко им. Сега повеќе им е јасно, знаат што се случуваат,  тоа порано не беше случај“, вели пејачката.

фото: Принтскрин/хепи

Тања откри дали контактира со сопругот.

„Не, никако. Ми кажа повеќе да не го барам на телефон. Јас еден период многу му се јавував бидејќи ми недостигаа децата. Ми рече да се јавувам на друг телефон, тој купил мобилен кој го користат децата. Јас тоа го испочитував, му реков: „Никогаш повеќе нема да ти се јавам, не ме интеренсираш. Се повлеков, немам комуникација со него“, изјави пејачката.

Останати вести од Радио Милева