Радио Милева
ја чека нова борба

Тања Савиќ откри детали од пресудата: „Се уште немам старателство над децата“

Тања Савиќ откри детали од пресудата: „Се уште немам старателство над децата“
фото: принтксрин/дамир дервишагиќ

Тања Савиќ го победи на суд својот сопруг Душан Јованчевиќ, но се уште нема старателство над децата.

„Официјално добив пресуда да ги вратам децата. И понатаму немам старателство над децата, ќе мора да се борам за тоа. Донесена е пресуда децата да бидат вратени во Србија бидејќи јас со сите документи докажав дека тие тука живееја, имаа сместување, дека овде одеа на училиште, овде поминуваа повеќе време отколку во Австралија“, вели Тања.

фото: принтскрин

„Се слушнав со децата, збунети се. Беа без мене една година, сега знаат дека ќе бидат без татко им. Не знам што да кажам. Ми е жал за себичноста на еден родител, а во овој случај не сум јас. Ми се исполни една голема желба за роденден и јас сум многу среќна мама. Се уште не можам да ги прегрнам, тоа ќе биде наскоро“, додава Савиќ.

Потсетуваме, во април петходната година, сопругот на Тања Савиќ без нејзино знаење ги однесе децата во Австралија.

Останати вести од Радио Милева