Радио Милева

Тања Савиќ добива закани од сопругот: „Или ќе бидеш со мене или нема да ги видиш децата“

Тања Савиќ добива закани од сопругот: „Или ќе бидеш со мене или нема да ги видиш децата“
фото: Принтскрин/инстаграм

Тања Савиќ изминатиот период поминува низ тежок период бидејќи од април месец ги нема видено своите синови кои нејзиниот сопруг Душан ги однесе во Австралија.

Пејачката сега откри нови детали од нејзиниот проблем, па откри дека нејзиниот сопруг и се заканува.

„Тој ми се заканува да му се вратам или нема да ги видам децата. Јас немам авион да одам во Австралија, па го прашав дали тој ќе дојде, а тој ми се закани. Имам и докази за тоа. Ги чувам и пораките. Ми напиша: Или ќе бидеш со мене, да бидеме заедно со децата или сам останувам во Австралија. Јас можам да останам без децата доколку не се смирам со него. Јасно е каков е тој човек. Многу себична личност. Само мисли на себе, не мисли на децата“ вели Тања за „IDJ“  и објасни зошто не може да оди во Австралија.

„Ми го откажаа овој авион кој беше закажан за крајот на октомври. Меѓутоа, постои уште ден лет, може да заминам преку Индонезија, но не сакам да ризикувам бидејќи се уште е актуелна короната, не знам каде ќе ме затворат, каде ќе бидам во карантин. Не сакам да се разболам, на децата им требам жива и здрава, а не болна. Засега, единствен начин да се борам е преку суд“, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private) on

Савиќ откри дека многу е загрижена за децата бидејќи нејзиниот сопруг влијае нив.

„Тој апсолутно влијае на децата. Тоа се гледа. Човекот навистина има дијаганоза. Има пореметување на личноста. Многу е страшно таков човек да е дома и да ги чува децата“, заклучува Тања.

Останати вести од Радио Милева