Радио Милева

Тамара верува дека ќе има среќа со амајлијата што ќе ја носи на Евровизија – вечерва ќе ја има на себе, но никој нема да ја види

Тамара верува дека ќе има среќа со амајлијата што ќе ја носи на Евровизија – вечерва ќе ја има на себе, но никој нема да ја види
фото:инсатграм/тамаратодевска

Во Тел Авив – Израел, вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер каде меѓу земјите учеснички на големата и спектакуларна сцена, Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претстави Македонија на 64-то издание на Евровизја.

По неколкуте проби и разни технички подготовки, нашата Тамара и нејзиниот тим се подготвени да не направат горди!

Вчера, пред една од пробите Тамара реши да се вклучи во живо  на својот профил на Инсатграм и на своите обожаватели и следбеници да им ја пренесе атмосферата и возбудата од зад сцената.

фото:Инсатграм/тамаратодевска

Модниот дизајнер Ношпал и го средуваше фустанот, а во таа прилика пејачката кажа дека материјалот од кој е изработен е свила која лесно се гужва, на што особено внимаваат.

Освен тоа, Тамара откри дека вечерва на сцената ќе носи амајлија за која верува дека и носи среќа. Станува збор за обувки кои нема да се гледаат под долгиот фустан, а во нив Тамара  ќе се чувствува сигурно на патот кон финалето.

Вели дека досега тој чифт многупати и донел среќа, па затоа се одлучила да ги носи на Евровизија.

фото:инсатграм/тамаратодевска

Инаку, Тамара Тодевска и македонскиот евровизиски тим се постојано активни на социјалните мрежи и не оставаат да пропуштиме ниеден детаљ кој им се случува во Израел. Но, поседната објава е скоро па најважната, осдносно поврзана за Д-денот, вечерва 16-ти мај!

Тамара ги повика европските земји да гласаат за „Proud“ и реден број 17, а во прилог за секоја земја ги објави телефонските броеви за гласање.

фото:инстаграм/тамаратодевска

„Осмели се да сонуваш“ е годинешното мото на Евровизија, а нашиот тим годинава силно верува во својот сон, а ние пак и ја праќаме целата верба и  среќа на Тамара и Македонија!