Радио Милева

Тамара Тодевска сподели фотографија од свадбата, па се пофали дека има важен повод за славење

Тамара Тодевска сподели фотографија од свадбата, па се пофали дека има важен повод за славење

Македонската пејачка Тамара Тодевска по успехот кој го постигна на „Евровизија“  со песната „Proud“, максимално ужива со семејството, а најави дека наскоро подготвува и нешто ново.

Имено, Тодевска кон крајот на годината имаше убав повод за славење, односно на свет го донесе синот Дарен, а Хана доби братче.

 

Погледајте ову објаву у апликацији Instagram

 

My 🌎🌞⭐️

Објава коју дели Tamara Todevska (@tamaratodevska) дана


Потоа, во мај оваа година ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ односно го освои провото место по гласовите на жирито и седмото место по гласовите на публиката, што е најдобар успех досега.

Меѓутоа, деновиве Тамара имаше уште еден убав повод за славење, односно таа и нејзииот сопруг Александар Димитровски прославија четири години брак.

Имено, Тамара на својот „Инстаграм“ објави фотографија од свадбата, а во описот напиша: „Среќна годишнина,љубов, четири години“.

фото: притнскрин/инстаграм/тамаратодевска

Под фотографијата се нижеа честитки, а меѓу нив и од Катарина Ивановска, Дејан Манасков….

Тамара во една прилика изјави дека сопругот и е голема поддршка и дека во се помага.

Останати вести од Радио Милева