Радио Милева

Тамара Тодевска откри детали како настанала „Proud“ и за тоа како се подготвува за „Евровизија“

Тамара Тодевска откри детали како настанала „Proud“ и за тоа како се подготвува за „Евровизија“
фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

На 64 издание на Избор за песна на „Евровизија“ ќе не претставува Тамара Тодевска со песната „Proud“ која е дело на тимот: Роберт Билбилов, Дарко Димитров, Лазар Цветковски, а текстот е дело на Коста Петров и неговата сопруга Сања.

Овие денови Тодевска гостува по емисии каде што открива детали  за својот настап.

Во интервју за „Стисни плеј“, Тодевска откри дека знаела дека овој момент ќе се случи и дека се е со некоја причина.

Таа неодамна во едно интервју откри дека добила 50 песни како понуда со кои би настапувала, но ниту една од нив не и се допаднала, па одлучила тоа да биде сосема нова и различна песна.

фото: Принтскрин/фејсбук/стисниплеј

Тодевска во „Стислни плеј“ откри како дошло до заедничка соработка на тимот.

„Јас бев пресудна, јас ги споив, некако извизулизирав во главата дека тоа треба да е најдоброто од Македонија. Тоа се луѓе со кои соработував и сакав да ги спојам во едно. Прво, не веруваа, ме гледаа чудно. Па, додека не тргнавме да работиме, додека не видоа дека се “dream team“, овој тим треба да продолжи вака да функционира“ вели Тодевска.

фото: принтскрин/фејсбук/стисниплеј

Дарко откри детали од каде идејата за „Proud“.

„Почнавме со една идеја, па друга, трета…Па, Тамара седна во студио, слушавме различни идеи. Меѓутоа, на крајот одлучивме да одиме со една балада. Одлучивме да почнеме со песна со која Тамара ќе покаже што поседува“ вели Дарко.

фото: принтскрин/фејсбук/стислниплеј

Тодевска откри дека се започнало со зборот „Girl“.

„Од „girl“ почна се. Кај Роберт во студио, Коста се уште го немаше текстот, но ја имаше идејата. Но, ете не знам како дојде до тој збор и Роберт се вклопи во мелодијата. Почнавме со „Girl“ и од таму тргна се, отиде Коста дома и после два часа ми се јави и ми кажа дека текстот е готов“ раскажува Тодевска.

фото: Принтскрин/фејсбук/стисниплеј

Тамара нема да оди на промотивна турнеја во Тел Авив, таа откри како се подготвува за „Евровизија“.

„Имаме секојдневни проби со пратечките вокали, имам кондициони вежби, имам вежби за дишење со професорката кај која дипломирав. Така да се вратив на тоа време кога го подготвував дипломскиот труд и на тоа темпо на живеење“ вели Тодевска.

Тодевска истакна дека ја имаа поддршката од македонската јавност.

фото: принтскрин/фејсбук/стисниплеј

Македонската претставничка откри и неколку детали за сценографијата.

„Имаме прекрасни жени кои се борат како лавици за нас. Тие се Швеѓанки, Тине и Мари кои работеле на многу  добри настапи на „Евровизија“. Во моментот кога ја слушнаа песната се „шекнаа“ и кажаа дека ваква песна и ваков пејач немале досега. И гледам како се борат и како се прават за наше добро.“ открива пејачката.

Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер, а веруваме дека ќе не направи горди  и дека ќе не претстави во најдобро светло.

Евровизиско издание на Стисни плеј со Тамара Тодевска и авторскиот тим на „Proud“ !

Погледнете го нашето специјално евровизиско издание со Тамара Тодевска и авторскиот тим на песната „Proud“ ! Заклучивме дека искусниот и одличен тим работи во позитивна атмосфера, а ние од срце им посакуваме успешно претставување на Евровизија во Тел Авив и највисок пласман ! #teamproud #tamaratodevska #daretodream #eurovision2018 #macedonia

Gepostet von Stisni Play am Mittwoch, 17. April 2019

r

 

Останати вести од Радио Милева