Радио Милева

Тамара Тодевска на „Златна бубамара“ „поентираше“ со две награди ама и со бујното деколте од кое градите прелеваа (фото)

Тамара Тодевска на „Златна бубамара“ „поентираше“ со две награди ама и со бујното деколте од кое градите прелеваа (фото)
фото:тамара тодевска/инстаграм

Освен на коронавирусот, вчеравечер целотно внимание беше насочено кон 23-то издание на „Златна бубамара“ на популарноста која  годинава собра повеќе публика во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Публиката имаше очекување само да гледа и да се забавува, а пак јавните личности кои беа и учесници, имаа повеќе работа, односно подготовки на изгледот за настанот.

Тамара Тодевска пред манифестацијата имаше цел тим стилисти кои се погрижија да изгледа модерно, урбано, префинето, но и сексапилно со ултра впечатливо деколте од кое градите прелеваа. Тука беше и дада Тијана за да документира со кемарата и да објавува на Инстаграм.

Еден од стилистите имаше привилегија да ја мачка со специјална крема на бујното деколте, со кое Тамара поентираше исто како и со двете награди кои ги освои.

фото:тамара тодевска/инсатграм

Имено, евровизиската „Poroud“ доби награда за најдобра песна за 2019 година, а пак Тамра ја зема статуетката со бубамара и за пејачка на годината.

Вечерта не помина само со парадирање на сцената, туку Тодевска ги почести присутните со уште една моќна изведба на „Proud“.

-Најголемо благодарам за сите што веруваат во мене. Овие две награди немаше да бидат возможни без вашата несебична поддршка. Да се сакаме и да си се гордееме сите. Ве сакам, кажа Тамара и го пренесе своето воодушевување и среќа и на социјалните мрежи.