Радио Милева
Директна, ама резервирана

Тамара Тодевска на „Жешко столче“: „Има луѓе што не можам да ги гледам!“

Тамара Тодевска на „Жешко столче“: „Има луѓе што не можам да ги гледам!“
фото:јутјуб/принтскрин жешко столче

По макенката Катарина Ивановска, во Јутјуб емисијата на авторот и водител Никола Трпковски, гостуваше пејачката Тамара Тодевска.

Како и за претходните гости, така и за неа очекувано имаше жешко прашање за кое таа беше подготвена штом одлучи да седне на „жешкото столче“.

На почетокот од разговорот Тамара откри дека подготвува нова песна во студиото на композиторот и продуцент Лазар Цетковски, а исто така дека почнала соработка  со „Два бона“ која моментално е стопирана поради подготовка на нивниот албум.

Меѓудругото, Тамара откри дека е талентирана во цртење, а Хана и Дарен биле уметнични надарени на мама.

Имаше прашања за тоа каква домаќинка е, за бракот, ноќните излегувања и сл.

фото:јутјуб/принтскрин жешко столче

Исто така таа кажа и дека „Тажна љубов, среќна песна“ и е досадена и не сака да ја пее, а исто и дека „Пукни зоро“ и е омилена од народните.

Жешкото прашање беше дали има некој од естрадата што не го може на што одговори:

фото:јутјуб/принтскрин жешко столче

Постои…има луѓе што не можам да ги гледам и тоа од скоро време, директна беша Тамара, но резервирана за да открие за кого станува збор.

Во продолжение од видеото погледнте го целото интервју:

Останати вести од Радио Милева