Радио Милева

Тамара Тодевска донесе специјална придружба на снимањето на „Еден на еден“

Тамара Тодевска донесе специјална придружба на снимањето на „Еден на еден“

Секоја недела во емисијата „Еден на еден“ со Жаре може да гледате гости од регионалната музичка сцена.

Пред камерите во емисијата популарните отворено зборуваат за својот приватен и популарен живот.

Деновиве се снимаше новата емисија која ќе се емитува овој викенд, а гости ќе бидат Тамара Тодевска и Жељко Самарџиќ.

Пејачката на снимањето на емисија се појави со специјална придружба односно нејзината ќерка Хана. Екипата на емисијата на „Еден на еден“ објави неколку фотографии од снимањето, а главна ѕвезда беше малата Хана.

Имено, малото преслатко девојче седна на софата каде вообичаено седат гостите….

foto: printscreen/instagram

а потоа Хана настапи заедно со мама на музичката сцена во студиото.

foto; Printscreen/instagram

Се ова  може да погледнете во најновата емисија на „Еден на еден“.

За потсетување, Тодевска неодамна стана мајка по вторпат и на свет го донесе синот Дарен, но не чекаше долго време да се врати на своите професионални обврски.