Радио Милева

Тамара Тодевска блескаше како бремена свадбарка, по невестата малата Хана беше главна ѕвезда (фото)

Тамара Тодевска блескаше како бремена свадбарка, по невестата малата Хана беше главна ѕвезда (фото)

Се отвори свадбената сезона и свадбените церемонии, па на социјалните мржи се повеќе може да видиме невести, младоженци, свадбари.

Македонската пејачка Тамара Тодевска во саботата заедно со сопругот Александар и нивната ќерка Хана присуствуваа на свадба.

За оваа прилика, Тамара се одлучи за долга бело- розова тоалета во која го покаже трудничкото стомаче, а покрај нејзиниот сопруг изгледаше прекрасно.

Вистинска ѕвезда, по невестата, беше и малата Хана која беше облечена како принцеза, а на социјалните мрежи Тодевска се пофали со неколку фотографии.

Малата и шармантна Хана воодушевена од свадбената атмосфера трчаше низ целата салата и се радуваше како и сите дурги на среќата на младоженците.

фото: принскрин/инстаграм